Лизинг-компаниите што работат во земјава планираат годинава повеќе да се сосредоточат на финансирање на инвестиции на компаниите, а не на продажбата на автомобили. Ваквата промена доаѓа по оценката дека минатата била најлошата година за лизинг-компаниите откако постои овој бизнис во Македонија. Според информации од лизинг-компаниите, во Македонија лани биле продадени одвај осум илјади нови возила, што претставува пад на пласманите за 40 отсто, споредено со претходната година.
Лизинг-компаниите што работат во земјава планираат годинава повеќе да се сосредоточат на финансирање на инвестиции на компаниите, а не на продажбата на автомобили.
Ваквата промена доаѓа по оценката дека минатата била најлошата година за лизинг-компаниите откако постои овој бизнис во Македонија.
Според информации од лизинг-компаниите, во Македонија лани биле продадени одвај осум илјади нови возила, што претставува пад на пласманите за 40 отсто, споредено со претходната година.
Лошите пласмани и во овој бизнис се како кај банките, околу 10 отсто.